
улога на мостовите
Порцеланските мостови се протетски изработки кои обезбедуваат премостување на дел од забниот низ каде недостасуваат заб/и. Индикација за изработка на мостови се недостаток на заб/и.
За да се изработи порцелански мост потребно е да се препарираат на специјален начин забите, да се земе отпечаток, а потоа изработениот мост да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.
Улогата на порцеланските мостови е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се надокнадат изгубените заби со членови на мостот и да се обезбеди повторно забен низ.
Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот.

Главни индикации за изработка на коронка се
- надокнадување на изгубени заби во простор меѓу два заба
- доколку еден заб е по малку издржлив поради ендодотско третирање па се врзува со еден појак заб
- да се препокријат два импланти меѓу кои има простор за еден или два заба
видови на коронки
- метал керамика (неколку типови)
- без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан - CAD/CAM)
Колку време ке одземе препарацијата на забите?
За препарација на забите при стругање за мост не може точно да се определи временската рамка бидејќи зависи од тоа колку заби ќе се стругаат.- Колку пати треба да дојдам на стоматолог и за колку дена ке биде изработена коронката?
2-3 посети се доволни и вообичаено не трае повеќе од една недела.
Дали во меѓу време ке бидам со струган заб и дали ке боли интервенцијата?
Секогаш имате можност да добиете привремени коронки и мостови а и контролирањето на болката не е проблем.
